Младите договорија пријателски со Босна на 10 и 12 јуни

365

Репрезентацијата на Македонија до 21. година во месец јуни односно на 10. односно 12., ќе одигра две пријателски средби со соодветната репрезентација на Босна и Херцеговина.

Откако ќе ги одиграме квалификациските мечеви во Скопје, против Ерменија, односно против Украина во Истанбул, се враќаме дома, по што новата генерација на репрезентативци ќе ги одигра овие две контролни средби.

Истите се во насока на воигрување, односно проверка на ситуацијата околу потенцијалот и карактеристиките на генерацијата 2002, односно 2003 година кои ќе треба да ја правдаат довербата кај селекторот Драган Канатларовски.

Средбите се закажани на комплексот Петар Милошевски од 17:00часот.

ПретходноХулк може да биде суспендиран на 12 меча откако шутна противнички фудбалер меѓу нозе (ВИДЕО)
СледноМЗТ Скопје во Кавадарци по нови бодови за врвот, Еуро Никел во „тесно“