Сараево потврди, Васоски не е повеќе тренер

206

Управниот  одбор на тимот на Сараево, ја прифати претходно дадената оставка на Александар Васоски со што и официјално нашиот стратег повеќе не е на чело на босанскиот клуб.

Васоски се одлучи за оставка по дербито против Жезезничар, и серијата на лоши резултати на тимот, а истата ја соопшти на прес конференцијата по мечот. Заедно со него дефинитивно заминуваат и помишниците Раденко Бојовиќ и Михајло Костиќ.

 

ПретходноМакедонија У14 со пораз од Словенија
СледноТрајковски со нов рекорд во скок во далечина на отворено