Кошаркарите на Ангели не застануваат – ги демолираа „Академците“

177

Дебитантот во прволигашкото друштво нема намера да се откаже од битката за опастанок во која се најде. По доаѓањето на Боби Митев на клупата, Ангели целосно се препороди, со неколку засилувања и плус домашните млади сили засега плива кон посакуваната цел.

По Кожув, кошаркарите на Ангели го добија дербито на Кисела Вода и тоа по втор пат во плеј-аут лига, сега славеа со убедливи 78-101 во меч од шестото коло.

Дебитантот мечот го доби благодарение на добрата игра во последната четвртина, во која постигна 34 поени, на другата страна противникот реализираше само десет поени. Пред овој период домаќинот имаше предност од еден поен (68-67), по што Ангели приредија целосен пресврт.

Дамјан Крстевски беше стрелец на 25 поени, Андреја Атанасов имаше 16 поени, додека Рејм запиша 13 поени, 7 скока и 7 асистенции. Во редовите на Академија ФМП Тодоровски постигна 20 поени, еден помалку имаше Кошанин.

ПретходноМЗТ Скопје со цел плен од Кавадарци, Еуро Никел без шанси!
СледноСудијата што и судеше на Македонија во Палермо ќе биде “главен“ во финалето во ЛШ!