Претстојниот викенд и официјално завршува сезоната во ПМФЛ и двете ВМФЛ во Македонија. Одредени се судиите за сите три лиги. Игор Иванов од Велес ќе ја има таа чест да го суди дербито меѓу Шкупи и А. Пандев, меѓу првиот и вториот на табелата, во меч кој на Шкупи ќе му се доделува и шампионскиот пехар.
Секако дека најважен меч овој викенд ќе биде оној во Кратово, во ВМФЛ – ЗАПАД, каде играат Силекс и Воска, а кој го засега и тоа како и Вардар. Ова дерби ќе биде судено од Димитар Пилешков од Штип.
Судии за 33.коло во ПМФЛ (недела 17 ч)
Работнички – Пелистер: Александар Грујоски (Кичево)
Борец – Ренова: Марјан Младеновски (Скопје)
Скопје – Брегалница: Фуркан Идризи (Тетово)
Тиквеш –Македонија ЃП: Александар Ставрев (Скопје)
Струга ТЛ – Шкендија: Крумислав Ѓорѓиев (Штип)
Шкупи – А.Пандев: Игор Иванов (Велес)
Суди за 27.коло во ВМФЛ – ЗАПАД (сабота 17 ч)
Беса – Кадино: Боби Величков (Велес)
Велешта – Гостивар: Доне Ристовски (Гевгелија)
Охрид – Тетекс: Кирил Смоковски (Прилеп)
Кораби – Вардар: Стојанче Трпчевски (Кавадарци)
Силекс – Воска: Димитар Пилешков (Штип)
Судии за 27.коло во ВМФЛ – ИСТОК (сабота 17 ч)
Пехчево – ТИМ Локомотива: Дарко Котевски (Битола)
Братство – Осогово: Марјан Ецкоски (Охрид)
Детонит – Саса: Кристијан Ѓуровски (Скопје)
Кожув – Беласица: Фатмир Бафто (Охрид)
Слога (В) – Победа: Константин – Влахо (Скопје)