Кошаркарот на Денвер Никола Јокиќ за МВП во НБА-лигата две години по ред. Центарот од Сомбор собра 875 бодови во гласањето во кое учествуваа 100 спортски новинари.
Јокиќ по НБА сезоната, во која неговиот Денвер беше елиминиран во првиот круг од доигрувањето се врати во својот Сомбор.
Српската јавност и натаму е во неизвесност дали ќе го облече дресот на оваа земја на Европското првенство.
„Разговарав со тренерот Пешиќ, имаме план и ќе видиме дали ќе биде така. Ќе видиме. Мислам дека не можам да дадам одговор, ќе почекаме“, рече тој на прес-конференција.
Европското првенство во кошарка се игра од 1 до 18 септември во Чешка, Грузија, Италија и Германија. Србија е во групата со Чешка, Полска, Финска, Израел и Холандија.