Вардар во поход по нов трофеј, Дибиров претпазлив: Ги почитувам сите екипи, да го заборавиме минатото!

180

Денеска стартува битката за пехарот во Купот на Македонија. Во центарот на вниманието ќе биде Кавадарци, во салата „Јасмин“ на програмата се два дуели во рамките на полуфиналето. Бранител на титулата е Вардар 1961, кој ќе игра против Е.Пелистер 2, дуелот е закажан со почеток во 17 часот.

Тимур Дибиров еден од главните лидери во составот на „црвено-црните“, овој Ф4 турнир во Купот на Македонија ќе биде можност да го игра осмото финалето и да се бори за седмата титула.

„Купот секогаш е посебна приказна, можни е да се случи се. Да заборавиме се што било претходно и што треба да се случи во иднина. Да бидеме сконцентрирани само на овој викенд, да дадеме 100%. Нема разлика против кого играме и ќе играме, ние треба да работиме според она што сме го замислиле“, вели Тимур Дибиров.

Е.Пелистер 2 е тимот со кого играа во претходното коло во плеј-офот. Според него и двата клубови немаат многу време да променат многу во играта. Среќен е што Купот се игра во Кавадарци, бидејќи овој град ќе може да гледа убав ракомет со квалитетни имиња.

„Малку време е нешто да се менува, и ние и нашиот ривал. Ќе биде исто, освен некои нијанси што сигурно ќе бидат кај давата тима. Но комплетната слика ќе биде иста, и тешко е да се изнанади ривалот кој те знае и ти го знаеш.
Супер е што се игра во Кавадарци, треба луѓето да гледаат добри натпревари, да гледаат големи клубови и добри екипи, вели Дибиров.
Ги почитувам сите екипи, и сакам прво да го победиме Еурофарм Пелистер 2, па потоа ќе мислиме како и што понатаму“, додаде рускиот интернационалец, кој ја продолжи соработката со Вардар на уште една година. 
ПретходноЧави ја откри најголемата летна желба
СледноБензема пред ново историско остварување во дресот на Реал Мадрид