Утре во Кратово ќе се одлучува судбината на Воска Спорт и Вардар!

1899

За утре од 17 часот закажани се сите пет натпревари од 27.коло во ВМФЛ – ЗАПАД. Главното прашање, а тоа кој ќе биде прв и директно ќе избори пласман во ПМФЛ, е решено. Силексовси си ја завршија работата уште пред две кола, но затоа кратовци се протагонисти на она што утре ќе се случува на нивниот стадион.

Имено тие ја пречекуваат Воска Спорт во меч кој во кој и тоа како и Вардар е заинтересиран. Имено на тимот од Охрид и бод му е доволен за да стави “печат“ на фнтастичната сезона која ја имаше како дебитант на западот и со тоа да заврши како втор на табелата, и секако да се најде во баражот за пласман во ПМФЛ. Познато е дека Воска Спорт има три бода предност пред Вардар, но и послаб меѓусебен скор. Значи на Воска Спорт и треба победа или реми, додека Вардар ќе навива за Силекс како никогаш досега кратовци утре на свој терен ја победат Воска Спорт.

Ако се случи тоа, ако Силекс ја победи Воска, тогаш Вардар со триумф над Кораби во Дебар во последен момент ќе избори бараж за враќање во елитата.

Свесни се во Вардар дека ништо не е во нивните раце, дека Воска Спорт самата си решава за својата судбина, поточно во Кратово ќе се решава судбината и на Воска Спорт и на Вардар.

Затоа утре сите погледи на фудбалската јавност ќе бидат свртени кон Кратово од 17 до 19 часот.

Воска Спорт ќе игра за испишување на својата историја, а Вардар ќе чека нејзин пораз за да се спаси од големиот срам.

А, Силекс, е па Силекс со мислите е кон финалето во Купот на Македонија кое се игра в петок, и дуелот со “лавовите“.

ПретходноМанасков: После 202 дена конечно можам да кажам – СЕ ВРАТИВ!
СледноХалилхоџиќ попушти: Мазрауи се врати во репрезентацијата на Мароко, на ред е и Зијеш! (ВИДЕО)