ВМФЛ – ЗАПАД: Ех, Вардаре, Вардаре…уште една сезона во Втора лига!!!

1717

Каков шок, каква шлаканица за нашиот најтрофеен клуб. Имено и дефинитивно Вардар ви во следната сезона ќе игра во Втората лига откако денеска славеше во Дебар, но поради ремито на Воска во Кратово, останува второлигаш.

Силекс и Воска одиграа 1:1, за домашните стрелец беше Танушев, за гостите Илијовски.

Во Дебар гостите водеа со 0:2 со головите на Велковски и Петковски, Шаип ги постави конечните 1:2.

Охрид со победата над Тетекс остана во Втората лига, Беса го победи Кадино со 7:2 додека Гостивар славеше кај Велешта.

Силекс е првак и оди директно во ПМФЛ, Воска игра бараж, а од Лигата испаднаа Кораби, Велешта и Кадино.

РЕЗУЛТАТИ 27.КОЛО

БЕСА – КАДИНО 7:2

ВЕЛЕШТА – ГОСТИВАР 1:2

ОХРИД – ТЕТЕКС 2:0

КОРАБИ – ВАРДАР 1:2

СИЛЕКС – ВОСКА 1:1

ТАБЕЛА

Силекс 66, Воска 59, Вардар 58, Гостивар 37, Тетекс 36, Беса 35, Охрид 32, Кораби 27, Велешта 18, Кадино 7

ПретходноГотово е: „Шпалирот“ за Силекс, БАРАЖОТ за Воска, СРАМОТ за Вардар….
СледноВМФЛ – ИСТОК: Пехарот за Победа, Беласица во БАРАЖ!