ЗАСЕКОГАШ ВО НАШИТЕ СРЦА: Ликот на Марко Божиновски вечно ќе живее (ФОТО)

590

Финалниот ден од Купот на Македонија почна со ревијален натпревар во чест на Марко Божиновски. Во салата „Јасмин“ за својот другар и соиграч во овој момент играат меч, кадетската репрезентација на Македонија и тимот на Бутел Скопје, кој во оваа генерација оваа година е првак.

Пред почетокот на мечот, првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов на родителите на Марко Божиновски им подари врамен дрес со презимето на Марко и неговиот број „девет“.

Ова беше посебен и тажен момент, родителите истовремено беа горди, но и тажни, што нивната гордост Марко Божиновски денеска не беше на теренот. Но, сите во салата вклучувајќи ги играчите од двете страни порачаа дека ликот на Марко Божиновски вечно ќе живее во нивните срца.

 

ПретходноПогба го послуша срцето и го одбра новиот тим!
СледноСасуоло на рутина кај Болоња