Прекин во Гостивар: Илиевски погоден со тврд предмет, Еуро Никел славеше против ТФТ

379

Кошаркарите на Еуро Никел успеаја да ја прекинат серијата од четири последователни порази откако денеска го добија мечот против ТФТ во Скопје со 73:75. Кавадарчани одиграа одличен меч и со максимум залагање во сите 40 минути на крајот успеаја да и се израдуваат на победата.

Самарџиски со 15 поени беше лидер во победата на гостите, а одличен меч одигра и триото Соколов (13), Калахан (12) и Стојановски (10). Кај домашните Костовски беше најрасположен со 25 постигнати поени. Еуро Никел со оваа победа останува во битката за третото место на табелата пред почетокот на плеј-офот.

Дуелот во Гостивар меѓу домашниот тим и екипата на Пелистер беше прекинат при резултат 65:62 за домашните. Гостите беа нападнати кон средината на последната четвртина, при што гостинскиот тренер Марјан Илиевски беше погоден со тврд предмет. Тој падна на паркет, а откако стана, имаше жестока реакција по што го напушти теренот. По него теренот го напуштија и кошаркарите на Пелистер.

ПретходноЧаир “грми“: Шампиони, шампиони…пехарот за најдобриот, за Шкупи!(ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноПОЛУВРЕМЕ: Е.Пелистер има четири гола предност против Вардар