Продолжуваат немирите во салата „Јасмин“ во Кавадарци. На почетокот причина за прекинот беа „Чкембари“ кои по влегувањето на „Комити“ во салата едноставно збеснаа, сакаа да влезат на терен.
Ситуацијата беше брзо ставена под контрола, но по завршување на првото полувреме кое заврши во корист на Е.Пелистер (8-12), на сцена настапија „Комити“, со бакљи фрлаа кон „Чкембари“ и тоа во момент кога на теренот имаше и мали девојчиња кои требаше да изведуваат музичка точка.
Сите се разбегаа, а навивачите на Вардар успеаја да запалат и неколку столчиња во салата.