Гостивар со осуда на вчерашните настани на мечот со Пелистер

220
По вчерашниот прекин на првенствениот меч меѓу Гостивар и Пелистер, денеска со соопштение во јавноста се јавија домаќините на мечот.
„КК Гостивар ги осудува вчерашните настани кои немаат допирна точка со спортот и кошарката, на многу натпревари имало и ќе има спортско и неспортско навивање од страна на публиката, но ретко имало случај каде гостинските играчи се пресметувале физички и вербално со публика и членови на домашниот тим. Сите тие настани доведоа до тоа да се прекине натпреварот при водство на нашиот тим. Благодарение на брзата и професионална интервенција на полицијата се спречи инцидент од поголеми размери. Оставаме на Федерација да ја реши ситуацијата во интерес на спортот и со тоа се надеваме дека во иднина нема да бидеме сведоци на вакви немили настани“, се вели во реакцијата на гостиварчани.
Дуелот меѓу Гостивар и Пелистер беше прекинат откако со тврд предмет беше погоден гостинскиот тренер Марјан Илиевски.
ПретходноУ15: Победа против Црна Гора на турнирот „Влатко Марковиќ“
СледноРаководството на Вардар го обвини Самсоненко за неуспехот!