Во трката да се обезбедат адекватни засилувања за следната сезона, Јувентус идентификуваше три трансфер цели кои може да ги ангажира, практично, без пари.
Торинскиот клуб најверојатно ќе испрати понуди за договор со Иван Перишиќ (Интер), Анхел Ди Марија (ПСЖ) и Пол Погба (Манчестер Јунајтед). Сите тројца ќе станат слободни агенти на лето, што значи дека Јуве би можел да ги ангажира како слободни агенти.
За Погба веќе се зборува дека е во контакт со преставници на Јувентус и дека инсистира да се врати во Торино. За Перишиќ и Ди Марија допрва треба да се направат напори да се обезбеди потписот.