Валенсија го купува „непотребниот“ напаѓач на Барселона

311

Данскиот напаѓач Мартин Брајтвајт во 2020 година го напушти Леганес и на општо изненадување премина во Барселона. Требаше да ја засили конкуренцијата во нападот на каталонскиот клуб, но тогаш на Ноу Камп го реновираа тимот па им беше потребен. Сега не е па поради тоа е на продажба. Да потсетиме Барса плати за него 18 милиони евра!
Брајтвајт има само пет настапи за Барса оваа сезона во сите натпреварувања (два гола), а има договор до 2024 година. Сега неговата цена изнесува околу 7,5 милиони евра.
Валенсија е заинтересирана за него, но и за уште двајца фудбалери на каталонскиот клуб Сержињо Дест и Рики Пуиг.
Брајтвајт ќе треба да го засили нападот на „лилјаците“ кои летоска ќе останат без Гонсало Гуедеш и Макси Гомез.

ПретходноГаџа мора на операција, го очекува долга пауза
СледноГласнер: Ренџерс е мешавина од Вест Хем и Барселона