Шкендија во кошмар! Раскин може, но и 250.000 евра за трансфер на „Чаир“

11245

Голем шок му приредија од Шкупи, на скапиот проект Шкендија од Тетово во сезоната која заврши. Титулата на спектакуларен и убедлив начин се врати на „Чаир“ по 21 годишна пауза, со што екипата на Шкупи најави дека планира да остане на врвот во фудбалот во Македонија и во следните сезони. Бесот во Тетово оди до тој степен што деновиве се потпишуваат скандалозни договори за раскини со играчи на кои Шкендија не планира во идната сезона.

Таков пример стигна и во нашата редакција. Од самата содржина во текстот може да се прочита убаво дека некој од актуелните играчи на Шкендија го раскинал спогодбено договорот со „црвено-црните“. Тој е слободен за трансфер во било кој клуб на планетава, освен во Шкупи. Ако фудбалерот се одлучи да замине на „Чаир“ во тој случај треба да плати астрономска сума од 250.000 евра како отштета на Шкендија.

Ете до тој степен е бесот кај Шкендија која по секоја цена бара заштита од налетот на Шкупи па дури и со раскините на договорите. Луѓе кои се дел од оваа свера и кои посредуваат при трансферите на фудбалерите јавно говорат дека станува збор за уникатен вид на спогодбен раскин на договор со неиздржана клаузула од 250.000 евра!

Она што е јасно е тоа дека Шкупи нема да може да планира да се засилува со играчи од Шкендија. Тетовци тоа не го дозволуваат!

ПретходноБарселона понуди двајца фудбалери во замена за Кунде
СледноДибала си купил куќа во Милано близу до канцелариите на Интер