Иако Куманово денеска го осигура своето место во Првата лига и го остави без шанси, сепак дебитантот влезе мотивиран против Работнички. По трет пат оваа сезона, кошаркарите на Ангели го победија најтрофејниот кошаркарки колектив, на гости славеа со 62-76 во рамките на осмото коло во плеј-офот.
Избраниците на Боби Митев одиграа уште еден одличен натпревар, го запишаа четвртиот триумф во низа. Мечот го отворија со 2-8, по првата четвртина водеа со плус пет (13-18).
На другата страна Работнички го доби следниот период со два коша разлика (19-17), на одморот намалија на 32-35.
По само шест минути игра во третата четвртина, Ангели поведе со двоцифрени (37-47), со тројката на Делоски пред крајот на овој период дојдоа на плус 14 (41-55). До крајот без проблем го приведоа мечот.
Делоски и Хендерсон со по 18 поени беа први стрелци, Атанасов запиша 12 поени, Крстевски беше стрелец на 10 поени. Во редовите на Работнички, Марковски беше лидер со 16 поени.