Воска не се шегува: Охриѓани од денеска па до недела се во Струмица!

2255

Воска Спорт во пресрет на својот историски меч за влез во ПМФЛ покажува дека не се шегува. Имено играчите и стручниот штаб денеска попладне пристигнаа во Струмица, а веќе и го одработија првиот тренинг на стадионот “Благој Истатов“ каде во недела во 17 часот и ќе се одигра средбата со Тиквеш, бараж средба во која победникот наредната сезона ќе игра во ПМФЛ, додека поразениот состав ќе игра во единствената втора лига.

Охриѓани ништо не оставаат на случајот, токму затоа во наредните денови до недела, ќе имаат можност да се аклиматизираат на теренот во Струмица.

Четата на Раде Цицмиловиќ верува во себе и верува дека може да го победи Тиквеш и да испише историја.

Да потсетиме дека во вториот бараж, кој се игра во Штип, се среќаваат Скопје и Беласица.

ПретходноБарселона е третиот учесник на Ф4 во ЛШ, и во реваншот славеше против Фленсбург!
СледноРолан Гарос: Уште во четвртфиналето можен е спектакуларен дуел меѓу Новак и Надал!