Владимир Јевтиќ го продолжи договорот со Бутел Скопје

39

Интернационалецот од Србија, Владимир Јевтиќ и натаму ќе биде дел од тимот на РК Бутел Скопје. Обновена е соработката помеѓу нашиот суперлигаш и Јевтиќ кој изминатата сезона одлично се покажа во дресот на РК Бутел Скопје, па затоа раководните структури на клубот решија да го задржат и за во иднина.

„Бутел е екипа што има душа, срце и карактер, и покрај се што ни се случуваше оваа година, успеавме да ја оствариме целта за оваа сезона. За година и пол колку што сум овде немав никакви проблеми и со сите во клубот имаме голема почит. Иако имав понуди и од Македонија и од странство, сепак се решив да останам уште една сезона, и сметам дека го донесов најдоброто решение за мене. Се надевам дека во новата сезона, Бутел Скопје ќе биде уште посилен“ – истакна Јевтиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HC Butel Skopje (@hcbutelskopje)

ПретходноВардар потврди, Дуарте е ново засилување
СледноЕуроспорт: Мбапе останува во ПСЖ за 100 милиони евра нето по сезона и 300 милиони бонус!!!