Ова веќе станува лудост, нешто надреално, нешто што се граничи навистина со ГЛУПОСТ. Имено Килијан Мбапе, барем според ексклузивната вест на Еуроспорт, ќе остане во ПСЖ но за многу, многуууу, могууууууууу пари.
Имено ПСЖ на Мбапе му доставиле неверојатна понуда од 100 милиони евра годишно и тоа нето, а за петгоднишниот потпис му ветиле бонус од 300 милиони евра. Значи тој од ПСЖ во наредните пет години би земал 160 милиони евра годишно и тоа нето, тука го сметаме и бонусот кој ќе биде поделен на пет годишни рати.
Тука не ги сметаме марекетиншките и имиџ правата кои во целост би ги имал фудбалерот.
Ете затоа во Реал Мадри се нервозни, ете затоа не можат да го донесат најдобриот фудбалер во моментов во светот.
Ова се премногу пари и за “кралевите“…