За разлика од селекторот на Бугарија, Јасен Петров, кој пред два дена го објави списокот на играчи на кои ќе смета дуелот со нашата репрезентација на 2 јуни во Разград, нашиот предводник Благоја Милевски списокот ќе го објави во понеделник.
Познато е дека покрај тој меч во Разград, нашата А-репрезентација ќе игра уште три натпревари во јунскиот циклус во Лигата на Нации. И тоа со Гибралтар на гости (5 јуни) со Грузија и Гибралтар дома (9 и 12 јуни).
Па така Милевски планира да повика најмалку 27-28 играчи кои секако дека би требало да добијат и адекватна минутажа со оглед на тоа дека се игра за така кусо време дури четири меча.
И официјално на списокот нема да бидат Аријан Адеми и Адис Јаховиќ, а повик ќе добијат неколку млади играчи како Димоски, Фазлагиќ, Гроздановски.