За нешто помалку од едне час ќе започне финалето во Купот на Македонија во кое се среќаваат Македонија ЃП и Силекс. Ова ќе биде 29.финале во самостојна Македонија, мечот се игра на Арената “Тодор Проески“ во Скопје со почеток од 18 часот.
Ова финале ќе го суди Александар Грујоски од Кичево, а тренерите Муарем Бајрами и Горазд Михилов ги објавија стартните состави на своите екипи.
Па така “лавовите“ мечот ќе го започнат со:
Стевковски, Атанасовски, Мшевски, Личина, Емини, Адем, Воша, Лазаревиќ, Матеус, Попзлатанов, Стојкоски.
Додека кратовци ќе истрчаат со следните единаесет: Божиновски, Рајков, Манасиевски, С. Стојчевски, Љамалари, Каланоски, Спиркоски, Алији, Димоски, Коцев, Серафимовски.