Интер почнал преговори со Мхитарјан

119

Дел од италијанските медиуми пишуваат дека Интер почнал преговори со фудбалерот на Рома Хенрик Мхитарјан за можен трансфер од Рома ова лето. Ерменскиот репрезентативец има договор со римскиот клуб до крајот на јуни, а преговорите за продолжување на договорот бавно напредуваат. Тоа значи дека Интер може да ги смени работите и да го убеди 30-годишниот фудбалер да дојде на „Меаца“.

Интер е лимитиран околу трансферните активности поради финансиските рестрикции па така бара слободни фудбалери, а токму Ерменецот се наметнува како добар избор. Инаку овој играч настапуваше за Арсенал и Манчестер Јунајтед, а во Рома е еден од клучните играчи во средниот ред.

ПретходноВардар го гради тимот: Моралес останува и следната сезона
СледноФИНАЛЕ: Нова титула за Ефес или враќање на „Кралевите“ на тронот?