Горан Кузманоски го напушта Прилеп!

304

Поранешниот македонски репрезентативец и ракометар, Горан Кузманоски ја завршува својата „авантура“ во родниот град. По две години минати на клупата на Прилеп, Кузманоски си заминува од клубот по завршување на сезоната.

Тој обезбеди опстанок во плеј-аут лига, тимот се наоѓа на третото место на табелата на две кола до крајот. Денеска прилепската ракометна гордост игра против Струга, ова ќе биде последен меч за Кузманоски на домашен терен.

Засега младиот тренер има неколку опции, на неговата адреса стигнале понуди од надвор, но и од домашните екипи. Наскоро ќе биде познат и неговиот нов тим.

ПретходноКатарскиот емир доаѓа во Париз, сака лично да комплетира голем потпис!
СледноЃоковиќ поради одлуката на АТП го губи првото место!