Трофејот од СП е во Скопје. Се разбира дека тука беше присутен и претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини кој имаше и средба со легендарниот Жилберто Силва, некогашниот репрезентативец на Бразил кој сега е амбасадор на ФИФА и всушност тој го донесе пехарот во Скопје.
Секако дека Сејдини, како што и долкува, му подари дрес од македонската репрезентација на гостинот, кој беше среќен што ќе има дрес од селекцијата која за малку не успеа да се пласира на Мундијалот во Катар.