Раководството на Вардар 1961 не губи време кога станува збор за ракометарите кои оваа сезона беа лидери во сите натпреварувања. А тука на првото место се наоѓа Филип Талески.
Македонскиот репрезентативец блеска во „црвено-црниот“ дрес, игра без пардон, се издигна на високо ниво. Тој прерасна во лидер, а тоа го докажа и во финалето во Купот на Македонија, токму благодарение на неговата „бомба“, Вардар го одбрани пехарот. На крајот беше прогласен за МВП и најдобар стрелец.
Талески ќе ја искористи и втората година од договорот со актуелниот македонски првак.
Во составот на Вардар ќе ги гледаме Мишевски, Дибиров, Ристовски и Моралес, кои ја продолжија соработката, а нови имиња се Жилберто Дуарте, како и средниот бек Божо Анѓелиќ. Како ново засилување се најавува рускиот кружен напаѓач, Павел Андреев.