Захариевски е еден од кандидатите за тренер на Работнички!

753

Како што дознаваме, Срѓан Захариевски е еден од “пиковите“ на Работнички за тренер. Нашите информации велат дека со него имало начелни разговори, како и со некои други тренери, но тој бил најпосакуван од страна на клубот од Градски парк.

На Захариевски, нашиот некогашен репрезентативец, договорот со Струга Трим Лум му е истечен, но стружани се задоволни од неговата работа во овие 2,5 години и затоа немаат намера така лесно да го пуштат, па би сакале тој и натаму да остане во Струга.

Сега останува самиот Захариевски да одлучи каде ќе ја продолжи својата тренерска кариера, дали тоа ќе биде Работнички или Струга Трим Лум. Тоа би требало да се знае многу бргу, за ден-два.

ПретходноБензема збесна, Мбапе го нарече предавник!
СледноЃоковиќ испрати порака: Србија е земја на кошарката, ги има тројцата најдобри во светот!