На неколку часа од стартот на бараж дуелот во Струмица, помеѓу екипите на Тиквеш и Воска, навивачкиот карван од Кавадарци се упати кон главниот настан денеска во мак фудбалот.
Навивачите на Тиквеш, популарните „Лорази“ денеска ќе бидат присустни на „Младост“ и тоа во солидна бројка, давајќи му поддршка на клубот. Инсистираат дека денеска Тиквеш нема да загуби, напротив ќе покаже дека е достоен и натаму да биде прволигаш и дека впрочем местото на овој клуб му е во елитата и на ниедно друго место.