Клоп: Го знам Стиви, ќе направи се Ливерпул да биде шампион

324

Јирген Клоп се пошегува за можната улога на Стивен Џерард во борбата за титулата во Премиер лигата.

Манчестер Сити денеска ќе ги одмери силите со Астон Вила во последното коло од лигата. Ако тимот на Џерард му земе бодови на Сити, а Ливерпул го добие натпреварот против Вулверхемптон, тимот на „црвените“ ќе биде шампион.

„Манчестер Сити ако не го игра најдобриот фудбал, може да добие добар удар. Ако играте максимално, можете да заработите нерешено. Но, Астон Вила има свои цели. Сите го знаеме Стиви, 100% е јасно дека сака Ливерпул биде шампион. Но, тој не игра. Тој е менаџер на Астон Вила и ќе сака да победи“, изјави Клоп.

ПретходноМилан носи 20.000 навивачи во Сасуоло
СледноЕлиф и Наполи со убедлива победа ја затворија сезоната во Италија (ВИДЕО)