„Кралевите“ за првпат по 38 години ја завршија сезоната без црвен картон

151

Во петокот вечерта Реал Мадрид одигра без голови со Бетис во опуштена атмосфера и со тоа ја заврши сезоната 2021/22. „Кралевите“ претходно ја заверија шампионската титула во Шпанија па последните две кола ги играше со комбиниран тим, без многу напор и притисок.

Но она што е ново за „Кралевите“ е што сезоната ја завршија без црвен картон и тоа им се случува за прв пат по 1984 година.

Реал заврши и со најмалку жолти картони – 76, само Виљареал има исто толку но „жолтата подморница“ треба да игра со Барселона.

Инаку најнедисциплинирани се Хетафе со 116 жолти картони и 8 црвени оваа сезона. А Валенсија се тука некаде со исто толку црвени картони и два помалку жолти картони.

 

ПретходноКрај и во Ла Лига: Вилјареал ја победи Барса среде “Камп Ноу“! (ВИДЕО)
СледноДончиќ не може сам: „Вориорс“ на чекор до големото НБА финале (ВИДЕО)