Одбојкарките на Вардар ЕМ успеаја да слават на гостувањето во Битола против Пелистер Волеј со максимални 3:0 и да направат голем пресврт во баражот за пласман во Првата женска одбојкарска лига следната сезона. По поразот во Скопје од 3:1 се чинеше дека битолскиот прволигаш е многу блиску до опстанок, но младите „вардарки“ успеаја да дојдат до убедлива победа и поради подобар сет-количник да обезбедат пласман во елитата.
Вардар ЕМ во Втората лига го освои второто место и се избори за место во баражот и за првпат ќе настапи во Првата лига.
Бараж за Прва лига (жени)
Пелистер волеј – Вардар ЕМ 0:3 (19:25, 17:25, 25:27)
Вардар ЕМ – Пелистер волеј 1:3 (25:27, 31:29, 22:25, 23:25)