Бепе Марота наводно го информирал тренерот на Интер, Симоне Инзаги дека уште една ѕвезда на „нероаѕурите“ ќе мора да замине на лето за да ги балансираат сметките.
„Нероаѕурите“ минатото лето ги напуштија Ахраф Хакими и Ромелу Лукаку за чија слобода добија 183 милиони евра. Сепак, гигантот од Серија А ќе биде принуден да продаде уште еден врвен играч во текот на летниот преоден рок.
Според Calciomercato.com, Марота и претседателот Стивен Жанг го информирале Инзаги за плановите на клубот за време на денешниот состанок во седиштето на клубот. Алесандро Бастони, Милан Шкрињар и Лаутаро Мартинез се и за Лаутаро. Во некои варијанти влегува и Де Врај, но сумата која Интер би ја добил за него не е задоволителна за да се направи финансиски баланс.
Тренерот и клубот, исто така, разговарале за трансфер стратегијата за евентуално доведување на Пауло Дибала и Хенрих Мхитарјан.