Авторитетниот француски весник „Ле Паризиен“ пишува дека актуелниот тренер на Спортинг (Л), Рубен Аморим би можел да го преземе тимот на ПСЖ ова лето.
Според изворот на весникот, директорот на парискиот клуб Луис Кампос е решен да потпише со 37-годишниот Португалец на местото на досегашниот тренер на парискиот клуб Маурисио Покетино.
Спортинг минатата сезона беше шампион на Португалија, а оваа ја заврши на второто место.
Договорот на Аморим со „лавовите“ е до 2024 година и во него има клаузула за предвремен откуп во висина од 30 милиони евра.