Одбојкарите тргнуваат во Сребрената лига: Босна е прв предизвик

169

Македонската одбојкарска репрезентација вечерва (20.15 часот) во СЦ „Борис Трајковски“ ги започнува настапите во новото издание на европската сребрена лига. Во премиерата на домашен терен ја пречекуваме селекцијата на Босна и Херцеговина, која во скопје пристигна со нов селектор, Душко Николиќ, кој до минатата година беше на чело на нашата селекција.

Капитенот Никола Ѓорѓиев во пресрет на денешниот меч вели дека не се сметаме за фаворити, затоа што Босанците доаѓаат во еден малку изменет состав за кој и немаме многу детали.

„Искрено, не ја познаваме многу селекцијата на Босна. Имаат два нови примачи, ново либеро и два нови средни блокери. Се надеваме и ќе играме за победа. Не би кажал дека сме фаворити, но ќе се бориме за секоја топка. Ќе го дадеме максимумот за да ја израдуваме македонската публика и да ја отвориме оваа Европска сребрена лига со победа“, вели Ѓорѓиев.

Македонија и БиХ минатата година се сретнаа двапати во квалификациите за ЕП. И на двата меча Македонија славеше. Еднаш со 3:0, а потоа и со 3:1.

ПретходноДончиќ и Јокиќ ја предводат „најдобрата петорка“ на сезоната во НБА лигата
СледноПавел Андреев е четвртото ново засилување за Вардар