Ѓоковиќ без загубен сет се пласираше во следната фаза на Ролан Гарос

93

Светскиот тенисер број 1 Новак Ѓоковиќ без загубен сет ја помина втората рунда на Ролан Гарос откако со 3-0 го елиминира Словакот Алекс Молчан. Противникот му покажа сила на Србинот во третиот сет но на крајот загуби во тај-брејкот.

Следен противник на Ѓоковиќ ќе му биде словенечкиот тенисер Алјаз Бедене.

Понатаму поминаа уште Зверев по победата над Баез со 3-2 во сетови, потоа Качанов по триумфот над Боливецот Белиен со 3-1, потоа Џон Иснер по победата на Барере со 3-1, Ожие-Алиасиме по триумфот над Уго Карабели со 3-0.

Во следната рунда се уште Накашима, Крајиновиќ, Нори, а вечер игра Рафаел Надал против домашниот тенисер Мутет.

ПретходноКлоп: Нема да направиме ништо ако во финалето излеземе со мислата за одмазда
СледноШампионката од УС Опен испадна во второто коло на Ролан Гарос