Кунде ќе биде првото засилување за новиот сопственик на Челзи

148

 

Дефанзивецот на Севиља, Жил Кунде најверојатно ќе биде првиот трансфер на Челзи откако новиот сопственик Тод Боели ќе го преземе клубот. Американскиот милијардер, кој го предводи конзорциумот што го купи Челзи, ќе одвои 200 милиони фунти за летната „шопинг“. Приоритет за Томас Тухел ќе биде зајакнувањето на одбраната, каде што се отвора огромна празнина по заминувањето на Антонио Рудиггер и Андреас Кристенсен. 

Кунде кој има 23. години е прв пик за засилување на дефанзивата. Уште во јануари Челзи направи сериозен обид да го привлече Французинот, но тогаш Севиља не се откажа од него и одби да го пушти играчот за помалку од откупната клаузула која стои во договорт, а која е вредна 68 милиони фунти. Најверојатно сега шпанскиот клуб повторно ќе инсистира на истото, но Челзи нема да се двоуми да ја плати сумата. Според медиумите на Островот, и самиот Кунде сака да се пресели во Челзи, што му дава мир на англискиот клуб во однос на конкуренцијата за дефанзивецот.

Дејли Меил ги додава имињата на уште тројца дефанзивци за кои Челзи е заинтересиран. Станува збор за Јошко Гвардиол од Ред Бул Лајпциг , Пау Торес од  Виљареал и Весли Фофана од Лестер . Според јавноста на Островот, Тухел сигурно ќе доведе двајца централни дефанзивци, а доколку заминат и Цезар Аспиликуета и Маркос Алонсо , како што се шпекулира, последната линија на Челзи следната сезона ќе излгеда комплетно поинаку одколку досега.

ПретходноМедведев лесно против Ѓере
СледноИбрахимовиќ: Трпам болки и пијам таблети шест месеци поради Милан