Голманот на Вардар, Борко Ристовски ги сумираше впечатоците од натпреварот со Металург и победата. Тој кажа дека тимот сака да ја заокружи сезоната со двојна круна.
„Бројот на одбрани не е битен, туку моментот кога голманите ќе одбранат. Одигравме стабилно, ако ги тргнеме последните 10 минути од првиот дел. Го контролиравме мечот, и ова е една убава подготовка за финалето со уште потежок противник“, рече Ристовски кој на прашањето каква била пораката од Алушовски на собирот по мечот.
„Нема порака, ние сме сите заедно, иако ова беше турбулентна година и со коронавирус, и со добри и помалку добри резултати, ние сме сите заедно да ја завршиме сезоната со двојна круна. Сакаме да ја затвориме оваа сезона со две победи и со двојна круна“, смета Ристовски.