Белградски Партизан останаа без тренер откако Александар Станојевиќ поднесе оставка по поразот во финалето на Купот на Србија.
Фудбалерите на Партизан сезонава останаа без трофеј, бидејќи по шампионската титула ја загубија и битката за Купот на Србија. И двата трофеи завршија во рацете на Црвена звезда, а по завршувањето на уште едно „вечно дерби“ во финалето на купот, Станојевиќ поднесе оставка.
Интересно е што Станојевиќ зимава го продолжи договорот со клубот на уште две и пол години, но таа соработка очигледно нема да ја заврши до крај.