Како што дознава „Спортмедиа“, Срѓан Захариевски најверојатно ќе ја продолжи соработката со Струга Трим Лум, со тимот каде што беше шеф на стручниот штаб во последните две години. Завршните преговори се во тек, остануваат уште само деталите и секако официјално клубот да објави дека со еден од нашите најпознати тренери,екс репрезентативец на Македонија, соработката ќе продолжи и во наредниот период.
Да потсетиме дека за Захариевски беа заинтересирани неколку други клубови, се споменуваше и Работнички, но сепак тој одлучил да не ја менува средината,посебно откако Струга ТЛ како клуб му понудила услови кои тој ги прифатил.
Инаку Захариевски во изминатите две години, заедно со сите во клубот и секако играчите, имаше успешна работа во Струга ТЛ. Лани клубот за првпат играше во фудбалска Европа, во два наврати стигна до полуфиналето во Купот на Македонија. Беа промовирани и некоклу млади играчи кои направија трансфери во Шкендија и Шкупи.
Токму и затоа Струга Трим Лум не сакаше ништо да ризикува и сакаше и понатаму да го има Захариевски на својата клупа.