Бугарскиот играч за врска Николај Христов и следната сезона ќе го носи дресот на Тиквеш. Откако кавадарчани се изборија за опстанок во елитата, бугарскиот интернационалец ги прифатил условите на клубот и потпиша нов договор.
Христов во јануари оваа сезона го засили Тиквеш, а претходно настапуваше и за Пелистер и Брегалница (Ш).