Годберг Купер по само шест месеци престој во редовите на Македонија ЃП не е веќе дел од тимот кој пред неколку дена го освои пехарот во Купот. Како што дознаваме Италијанецот кој по потекло е од Гана, нема да го продолжи договорот со тимот од Ѓорче и тоа поради фактот дека челниците на “Лавовите“ не се премногу импресионирани од она што Купер го покажа во пролетниот дел.
Како што велат нашите информаци, приоритет на тимот на Македонија ЃП во летниот преоден рок е да се задржи “костурот“на составот на стратегот Муарем Бајрами, а секако да се донесат и најмалку 2-3 квалитетни фудбалери.Познато е дека “Лавовите“ ова лето во квалификациите во Лигата на Конференции ќе почнат од 2.коло.