Дуелот меѓу Охрид и Е.Пелистер во рамките на последното коло во плеј-офот во Супер лигата беше прекинат во 49. минута при резултат 17-18 за битолскиот тим.
На теренот настана хаос, а причината е брзото губење на нервите на Ѓорговски од таборот на Е.Пелистер 2 и Николов од тимот на ГРК Охрид. Битолскиот тим беше во одбрана, во напад беше Николов, Ѓорговски го турна, а потоа двајцата тргнаа да се пресметаат. Николов прв го удри противничкиот ракометар, па тргна хаосот на теренот.
На голема среќа брзо се смирија страстите, па немаше поголем инцидент.
Очекувано и двајцата беа најстрого казнети, Димитар Георгиевски ги исклучи.