Барселона останува уверена дека тинејџерската сензација Гави ќе стави потпис на хартија за нов долгорочен договор со клубот, и покрај сите шпекулации дека може да си замине од Каталонија и да се пресели во Англија.
17-годишниот талентиран фудбалер се смета за еден од најдобрите млади играчи во светот, но разговорите за продолжување на договорот се уште не резултирале со потпишување на нов договор.
Актуелниот договор на Гави со Барселона има важност до јуни следната година, но каталонскиот гигант верува дека новиот договорот е блиску. Според клупски извори, Барселона очекува најдоцна до почетокот на новата сезона Гави да се обврзе на нова 5-годишна верност кон каталонскиот гигант.