Еуро Никел го возврати ударот, ќе има „мајсторка“ во Битола

123

Едно поинакво издание на Пелистер на гостувањето кај Еуро Никел во рамките на вториот полуфинален меч во рамките на плеј-офот. Марјан Илиевски и неговите момци наидоа на еден силен отпор од страна на кавадарчани, што пак беше очекувано, ако се земат сите партии оваа сезона.

На крајот Еуро Никел успеа да слави со 90-89 и да се избори за мајсторка која се игра во Битола. Стајиќ имаше шанса да донесе победа во последната секунда, но не успеа да реализира.

Калахан со 17 поени беше прв стрелец, зад него беше Томиќ со 14 поени. На другата страна Малешевиќ имаше 23 поени, додека Кесар застана на 19.

Во салата „Јасмин“ се водеше тесна битка, гостите имаа минимална предност од 23-24, на полувремето домаќинот замина со 53-52.

Во неефикасна трета четвртина, подобри беа кавадарчани, кои блеснаа во првите пет минути од последната четвртина, за прв пат на мечот поведоа со двоцифрени 82-72. Илиевски повика тајм-аут, истиот не вроди плод, Дубински зголеми на 85-72.

Минута подоцна, битолчани со серија од 8-0 намалија на 87-83(по една тројка постигнаа Стајиќ и Малешеви), откако на другата страна кавадарчани направија две грешки во низа. Се врати неизвесноста, на минута и пол до крајот, беше поништена тројката на Стојановски.

По овој момент, битолчани дојдоа на 90-89, имаа шанса за победа, Стајиќ промаши од положување за голема радост на кавадарчани.

ПретходноРостов среде Москва го подигна пехарот, седумте гола на Ристовска недоволни!
СледноМилевски до Елмас: Напад и само напад…(ФОТОГАЛЕРИЈА)