Кошаркарите на Црвена Звезда го совладаа Партизан и во вториот меч од финалето на АБА лигата со резултат 85-81 и стигнаа на една победа од титулат во регионалното натпреварување.
Најефикасен во победничкиот тим беше Никола Калиниќ со 25 поени, а го следеа Лука Митровиќ со 12 односно Ивановиќ и Холинс со по 11. Кај Партизан се истакна Алекса Аврамовиќ со 21 поен, а Матијас Лесор заврши со 15 поени.
Наредниот меч од серијата се игра во среда од 20:30 часот.