Селтикс го урна Мајами и закажа големо финале со Голден Стејт

208

Бостон Селтикс славеа над Мајами Хит со резултат 100-96 и ја добија серијата со 4-3 во финалето на Источната конференција со што обезбедија пласман во големото финале каде што за блескавиот трофеј ќе се борат со Голден Стејт Вориорс.

Селтикс за прв пат по 2010 година се пласираа во финалето. Од стартот на мечот Селтикс наметнаа свој ритам, брза игра и во првата четвртина стигнаа до предност од 15 поени (32-17). До полувремето Мајами се приближи (55-49), но натаму Селтикс успеа да ја сочува предноста и да слави.

Некаде пред финишот Селтикс имаа +13, а Мајами возврати со серија 11-0, шанса имаше Батлер но промаши тројка, по што Маркус Смарт погоди слободни фрлања па Селтикс впишаа вредна победа.

Кај Бостон најефикасен беше Џејсон Тејтум со 26 поени, а Џејлен Браун постигна 24. На другата страна Батлер го носеше својот тим со 35 поени, Адебајо додаде 25.

 

ПретходноИ тоа се случи: Клубот на Берлускони и Галијани избори пласман во Серија А!
СледноЛуда ноќ во Шпанија: Алмерија и клубот на Роналдо во Ла Лига, Еибар најголем „губитник“