ГРК Охрид веднаш се фати кон создавање на тимот за следната сезона, откако вчера се раздели со 11 ракометари и Раде Стојановиќ.
Нов тренер на охриѓани е Горан Андоновски, кој го водеше составот на Тиквеш.
Некогашниот репрезентативец на Македонија кој го има најголемиот успех со овој клуб во ЕХФ купот потпиша 2 (две) годишен договор.
Помошник тренер ќе биде Наум Бабачев кој е дел од клубот од почетоците и како играч и како тренер на дел од младинските категории.