Легендарниот Емил Костадинов: Бугарија има квалитет да ја победи Македонија!

494
Футбол - Изпълком на БФС - 14.1.2021 © Copyright: Emona Tsoncheva / LAP.bg [email protected] +359 879 111 120

Емил Костадинов, некогаш славниот репрезентативец на Бугарија, e човекот кој на “Паркот на Принцовите“ во 1993 година со гол во 90. минута ја „расплака“ Франција а ја однесе својата селекција на СП во САД 1994 година.

Сега Костадинов е еден од водечките луѓе во Фудбалскиот сојуз на Бугарија, а во пресрет на мечот со Македонија имаше свое видување…

Според мене ова тешка група, Бугарија, Македонија, Грузија, Гибралтар. Секако дека ќе биде тензично, па затоа со нетрпение чекам да почнат натпреварите во Лигата на Нации. Мислам дека имаме квалитет да ја победиме Македонија на првиот меч кој се игра во Разград“ изјави Костадинов за бугарските медиуми.

ФОТО: Lap.bg

ПретходноЕ. Пелистер со пригодни подароци се прости од Бабиќ и ракометарите кои си заминуваат! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноЦрногорецот Бубања се врати во Победа, тој ќе ја предводи во ПМФЛ!