Партизани на Бесарт Ибраими му нуди 60.000 евра годишно!

2012

Откако си замина од грчкиот Ксанти, Бесарт Ибраими, најдобриот голгетер во историјата на ПМФЛ, е трансферна цел на повеќе клубови од Македонија, Косово и Албанија. Сепак Бесарт се чини дека е најблиску до Партизани Тирана, еден од најголемите клубови кај нашиот западен сосед.

Според пишувањето на “Панорамаспорт“, раководството на Партизани и официјално му доставила понуда на нашиот фудбалер која е “тешка“ 60.000 евра годишно или 5.000 евра месечно, на оваа сума треба да се додадат и разните бонуси и премии кои Ибраими би ги добил во зависност од неговите перфоманси.

Сега се чека одговорот на Бесарт.

ПретходноЦрногорецот Бубања се врати во Победа, тој ќе ја предводи во ПМФЛ!
СледноЗверев го запре Алкараз и се пласира во полуфиналето на Ролан Гарос