Нема дилеми, нашиот селектор вечерва во Разград на дуелот со Бугарија во рамките на Лигата на Нации нема премногу да експериментира. Формацијата е таа, 4-2-3-1 или можеби 4-3-3.
Познато е дека поради повреди ќе нема неколку клучни играчи, но затоа тука се Елмас, Барди, Џани, Трајковски, Велковски…
Па така на голот ќе биде неприкосновениот Димитриевски, во дефанзивата Ашковски, Велковски, Муслиу и Алиоски, потоа како последни играчи за врска се Спировски и Барди, додека пред нив ќе „оперира“ Елмас, во нападот по страничните позиции ќе бидат Трајковски и Чурлинов, а најистурен во нападот ќе биде Милан Ристовски.