Македонската репрезентација до 21. година денеска го игра претпоследниот квалификациски дуел од тековната кампања против соодветната селекција на Ерменија. Играме на домашен терен, на комплескот Петар Милошевски со почеток од 17:00 часот, и влегуваме во дуел во кој отворено посакуваме поволен резултат. Старата генерација заминува, и мора во стил да го стори тоа како на денешниот дуел така и на оној против Украина во Истанбул официјално последниот дуел од овие квалификации.
„Секако дека посакуваме поволен резултат односно полн плен од денешниот дуел. Се надеваме дека во последните два меча ќе освоиме што е можно повеќе бодови, за да завршиме со што подобар рејтинг по оваа кампања“ – велат од нашиот У21 табор.